За да се заштитат од погледите на љубопитните туристи Дејвид и Викторија Бекам ќе прават ритче високо три метри на својот имот вреден шест милиони фунти во Котсволдс, пренесува „Сан“.
– Бекамови сакаат да ја заштитат својата приватност бидејќи на неколку метри од нивниот имот ќе се гради рекреативен комплекс. Според проектот комлексот ќе има подземен паркинг за 100 возила, шест куќарки со по пет спални соби, ресторан, градина и објекти за рекреација, вклучувајќи базен, теретана и тениско игралиште – пишува британскиот таблоид.
Теренот таму е потполно рамен па нивниот дом може да се гледа од сите страни. Покрај тоа што ќе штити од погледи ритчето во исто време ќе биде и бариера за бучава. Ритчето ќе се гради за време на изградбата на езерце на крајот на нивниот имот, за кое Бекамови веќе побарале дозвола.