Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните избори во САД, објавува за „Асошиејтед прес“.
Рубинс моментно се наоѓа во Русија, каде што се подготвува со уште двајца космонаути за лансирање кон Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата, во средината на октомври. Тие ќе останат таму шест месеци.
– Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето можат да го направат тоа од земја – изјави Рубинс.
Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, Тексас, којшто им овозможува на своите граѓани да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.
– Клучно е да учествувате во нашата демократија. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената – рече Рубинс.
Астронаутите на НАСА и претходно гласаа од вселената. Во 2016 година Рубинс и Шејн Кимброу гласале од Меѓународната вселенска станица.