Кралицата на соул музиката Арета Френклин, повеќекратна добитничка на Греми, е тешко болна. Таа е опкружена со семејството и пријателите во Детроит, кои ги повикуваат обожавателите да се молат за оздравување на пејачката, но бараат и приватност во тешкиот период.
Арета Френклин заболе од рак во 2010 година.
Последен пат настапи во ноември минатата година за фондацијата на Елтон Џон за борба против сидата во Њујорк. Претходно во август пееше во Филаделфија.
Френклин е првата жена што е примена во Рок енд Рол Хал куќата на славните во 1987 година. За време на својата долгогодишна кариера, Френклин освои 18 Греми, вклучувајќи и еден за животно дело.
Во 2005 година тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш ја одликуваше со Претседателски медал на слободата, највисока американска цивилна награда.