Дилановиот класик кога станува збор за албумите, „Blood on the Tracks“, наскоро ќе биде пренесен на филм, а ќе го режира легендарниот режисер на хорор-филмови Лук Гвардагино. Во неодамнешното интервју што го даде за „Њујоркер“, режисерот откри дека работи на адаптација на легендарниот албум на Боб Дилан, за кој се смета дека е еден од најдобриот во неговата кариера.
Според зборовите на филмскиот работник Ричард ла Гравенес, кој заедно со Гвардагино треба да работи на новото остварување, дејството на филмот ќе ја следи повеќегодишната приказна, поставена во 1970-тите години, и ќе ги пренесе централните мотиви од албумот.
Шпекулациите за филмот се совпаднаа со вестите за реиздавањето на „Blood on the Tracks“, преименуван во „More Blood, More Tracks“, што ќе ги содржи сите песни од 15-от студиски албум на Дилан. Носачот на звук ќе биде објавен на 2 ноември.