Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје синоќа „Џамбо Агушеви оркестар“ го одржа својот прв солистички концерт, по бројните настапи низ цела Европа и САД, каде настапуваше пред повеќе илјадна публика.
Иако Џамбо досега десетина пати им гостувал на концерти на познати музичари и групи од земјава, а бил дел и од разни манифестации, ова беше негово прво самостојно претставување пред скопската публика со својот бенд.
Концертот беше бесплатен, како предновогодишен подарок за публиката, на која Џамбо Агушев со своите музичари им приреди незаборавно и аудио и визуелно доживување, со совршен звук каков што прилега на музичари од ваков ранг, кое ќе биде забалежано и на дивиди што ќе биде издадено наскоро.
Полната сала искреше од добра енергија, а совршениот звук, на максимално координираните и звучно слеани музичари, предводени од Џамбо, уште повеќе придонесе за одличната атмосфера.
– Со овој настап Џамбо и останатите членови на оркестарот докажаа дека се музичари од светска класа. Тие се претставија со нов материјал, но свиреа и постари нумери. Драго ми е што и македонската публика можеше да го слушне оној звук што ја одушевува публиката секаде каде тие настапуваат, бидејќи „Џамбо Агушеви оркестра“ е на пат да стане вистински светски бренд во овој жанр. Драго ми е што кога бев во Италија, по игра на случајност и јас дадов мал придоенс за нивниот пробив надвор од нашите граници. Освен големото мајсторство во изведбата, секако за тоа придонесува и нивната искреност, непосредност, максималната предаденост на музиката и почитта кон публиката – ни рече музичарот Деан Шкартов.
Иако некои прокоментираа дека очекувале повеќе песни од нашето поднебје со уникатниот седум осмиснки ритам, сепак неделниот концерт на Агушеви беше вистинско уживање за сите музички сладокусци.
Тоа го потврди и Словенецот Петар Барбарич, добар познавач на македонската алетрнативна, популарна и етно музика и нејзин промотор надвор од нашите граници.
– Оркестарот на Џамбо Агушев синоќа направи вистинска фешта во преполната кино-сала на МКЦ. Присуствував на коцнерт кој пукаше од добри вибрации и бев сведок на маестрална игра на четирите труби, која беше доевдена до перфекција. Очигледно е дека момците собрале многу искуство на светските сцени, а за тоа секако придонесов и помалку јас и соработката со продукцијата „Ринг Ринг“ од Србија и нејзниот прв човек Бојан Марковиќ – вели Петар Барбарич.
Потврда за ова негово тврдење е тоа што гостин на скопскиот концерт на талентираните струмичани беше и Германецот Хенри Ернст, еден од двајцата основачи на продуцентската куќа „Асфалт танго“ од Берлин, човекот кој ги зоздал групите „Фанфаре Чочарлија“ и „Махала рај бенд“ од Романија кои се светски брендови на ромската музика, па може и на Агушеви ќе им се посреќи да тргнат по нивната патека на славата.
Според плодната 2018 година, најверојатно ќе биде така. Ќе спомнеме само некои од нивните поважни коцнерти годинава: настапот во Полска преку малите екрани го проследија 7 милиони гледачи, а добија и одлични критики за музиката во корејскиот филм „Окја“. Имаа и успешна турнеја низ Франција, а за првпат свиреа и во САД, каде ќе настапат и следната 2019 година. Беа дел и од фестивал на етно музика во Чешка, каде Џамбо победи во музичкиот двобој со колегата од Фанфаре Чочарлија“. Исто така ја делеа сцената и со мега попуалрниот Луис Фонси, автор на планетарниот хит „Деспацито“, кому му се допндал нивниот стил на свирење.
По скопскиот концерт, на кој на бис „Џамбо Агушеби оркестра“ ја изведе популарната песна на Тоше Проески, „Никој како тебе не бакнува“, музичарите влегуваат во студио, каде ќе снимаат нов албум за домашниот и за странскиот дискографски пазар, што треба да излезе напролет. М.Т.