Ќерката на Анџелина Џоли од бракот со Бред Пит, Шајло, како што објавија странските медиуми, го сменила името во Џон.
Во февруари годинава и нејзините документи се на името Џон, а според некои тврдења, подготвена е и на операција за промена на полот, иако за тоа сѐ уште нема потврда од семејството.
Своевремено Анџелина изјавила дека Шајло сакала да носи кратка коса и машка облека и мислела дека е како браќата. Инаку таа во целост ја поддржува одлуката на својата ќерка, иако сѐ уште е далеку од полнолетство.