Американската актерка и пејачка Шер (74) воодушеви милиони обожаватели кога неодамна на социјалните мрежи објави фотографија со нејзината мајка, пензионираната кантавторка и поранешна манекенка Џорџија Холт (94).
Под фотографијата имаше многу коментари дека двете изгледаат многу помлади отколку што се.
– Се гледа дека тие внимаваат на нивниот изглед, не е сè во ботоксот – е еден од коментарите.
Некои од обожавателите се пошегуваа дека иако тие заедно имаат 168 години би сакале кога ќе остарат да изгледаат како нив. Шер никогаш не криела дека се подложила на естетски корекции. На почетокот на нејзината кариер имала операција на носот и градите, а подоцна го затегнала вишокот на кожа на очните капаци, направила лифтинг на веѓите и лицето, била на липосукција и е редовна на третманите за „ботоксирање“.
Благодарение на ботоксот го одржува младешкиот изглед, а нагласени јаготки постигнува со полнила. Тоа го користи и нејзината мајка Џорџија, бидејќи на 94-годишна возраст изгледа многу помлада.