Домување

Одењето на одмор или подолго патување може да биде фатално за вашите растенија, кои лесно може да венеат во летните горештини без доволно вода. Меѓутоа, со неколку трика, како што се користење на издупчено шише исполнето со вода или специјални тегли за наводнување, можете да им го „продолжите животот“.
Трик со јаже: многумина од вас веројатно веќе го знаат стариот трик, за кој ви се потребни голем сад со вода и памучно јаже или волнен конец. Истурете вода во тенџере (колку што е можно) и поврзете ја со јаже со садот во кој се наоѓа растението. Растението преку јажето ќе внесе онолку вода колку што е потребно, а ова решение е идеално ако одите некаде на неколку дена.
Издупчено пластично шише: за да го направите свој систем за самонаводнување, потребно ви е пластично шише, на кое ќе направите ситни дупчиња и ќе го ставате во земјата со цвеќето. Водата полека ќе капе во земјата и постепено ќе го навлажнува растението. Препорачливо е да го ставите шишето по должината на работ на саксијата, ако е можно подалеку од коренот.
Саксии со резервоари за вода: во продавниците за градинарска опрема, можете да барате саксии во кои има резервоари за вода. Таквите резервоари наполнете ги со вода и растението ќе внесе онолку вода колку што е потребно. Ова е практично за растенија на кои не им е потребно многу вода, но и при подолги патувања.