Домување

Во последно време сѐ попопуларно е мешањето на стилови и спојувањето на старото и новото, што во еден простор создава чуда. Ретро-столовите во боја на вашиот дом ќе му дадат нота на свежина, но внимавајте да не бидат кичести туку едноставни. Интересна е жолтата боја, собите со вакви парчиња се многу интересни на прв поглед и дејствуваат како складна целина. Таквите простори се многу поинтересни од школските примери што бескомпромисно се придржуваат исклучиво до еден стил. Значи, еднобојниот кауч украсете го со модерни перници во боја.

Со парчиња што се класика можете да го претворите просторот во мала ретро-оаза. Фокусирајте се на удобноста, бидејќи без тоа домот ќе личи на салон за мебел. Репрезентативните дрвени примероци покажуваат вистински раскош и елеганција. Според истражувањето на трендовите на Гугл, оваа година апсолутен хит во уредувањето на дневната соба се ретро-парчиња од 1950-тите години, во комбинација со модерни детали. Силните бои, храбрите примероци и едноставните линии се во тренд.