Актерот Расел Кроу (53) го финализираше разводот со пејачката Даниел Спенсер (48), со која беше во брак десет години. Оскаровецот по тој повод организираше аукција на која ќе продаваат 223 предмети, кои го потсетуваат на поранешната сопруга. Аукцијата се вика „Уметноста на разводот“, а вкупната вредност на предметите што ќе се продаваат изнесува 3,6 милиони долари.
– Процесот на разводот, без оглед на тоа колку си позитивен и колку го профаќаш фактот дека се разделувате, е тежок. Додека минував низ сето тоа се прашував како да го прославам овој чин. Сакав на работите да им дадам друга перспектива, да извлечам некој среќен момент, а не само тага. Затоа ја смислив оваа аукција – рекол актерот.
Аукцијата ќе се одржи на седми април, на денот на неговиот роденден и на годишнината од бракот со Спенсер.
Некои од работите ставени на аукција се накит и уметнички дела што припаѓале на неговата сопруга, кола и две дрвени скулптури на коњ што се користеле во филмот „Гладијатор“, виолина направена во 1890 година, маска со отпечаток од лицето на Мухамед Али…
Кроу и Спенсер се венчале во 2013 година, а се разделиле пред пет години, додека разводот неодамна се финализирал. Имаат два сина, Чарлс (15) и Тенеси (12).