По повод Денот на независноста, 8 Септември, вечерва, со почеток во 19 часот, на отворената сцена пред Центарот за култура во Кичево, концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Вива стрингс“ од Скопје. На програмата ќе има песни од популарен карактер и ќе бидат застапени поголем број модерни наслови, како и композиции изведени од Мајкл Џексон, Бритни Спирс, „Јуритмикс“, Роби Вилијамс, „Квин“ и други.
– По подолг период, на отворената сцена од Центарот за култура вечерва ќе ни гостува гудачкиот квартет „Вива стрингс“ од Скопје, кој во изминатите неколку години во неколку наврати беше наш гостин. Песните што ќе ги изведат членовите на овој квартет се препознатливи и многу слушани во претходните години и децении и затоа концертите на овој квартет се многу популарни и посетени од повеќе генерации – вели Маја Николоска-Сиљаноска.
Таа потсети на протоколите што ќе мора да се спроведат за време на овој концерт.