Руската компанија за крионика „Криорус“ чува 70 мозоци во течен азот, во буриња високи неколку метри
Пораснавме со научнофантастични филмови што сугерираа дека напредната технологија ќе овозможи, оние што биле замрзнати по нивната смрт да се вратат во живот, и се чини дека некои биле доста инспирирани од визијата за иднината од страна на футуристите.
Иако ни денес не постои научна заднина за тврдењето дека нашиот ум ќе остане зачуван со замрзнување и дека ќе може да се врати во живот со помош на напредна технологија, некои врз основа на ваквите верувања развиваат доста успешни бизниси.
Така, на пример, руската компанија за крионика „Криорус“ чува 70 мозоци во течен азот, во буриња високи неколку метри, пренесува ХРТ.
– Од 8 до 12 лица можат да стојат во ова вакуумско буре, во зависност од нивната големина. Исто така, може да одговара и на неколку десетици клиенти, кои избирале да ги замрзнат само нивните глави или мозоци. Можеме да зачуваме и ДНК или животни – објаснува Иван Степин, заменик-директор на „Криорус“.
Валерија Удалова, директорка на компанијата, рече дека станува збор за еден вид реанимација.
– Денес можеме да ги реанимираме луѓето. Никогаш порано не сме ни пробале – тврди Удалова.
Иако во САД веќе постојат две компании што се занимаваат со истата работа, работата на „Криорус“ исто така му оди одлично, со оглед на тоа дека имаат клиенти од околу 20 држави на кои не им било тешко да потрошат до 36.000 американски долари за да го спасат мозокот. Еден од нив е Алексеј Вороненков, кој го зачувал мозокот на неговата мајка.
– Јас верувам во науката. Се надевам дека некогаш ќе се достигне нивото кога ќе можат да се создадат вештачки органи и тело во кое ќе го интегрираат мозокот на мајка ми – заклучил тој.