Која е разликата меѓу сува и дехидрирана кожа
На прв поглед изгледа дека зборовите сува и дехидрирана кожа опишуваат иста состојба, но станува збор за доста различни поими. Доколку навреме ја воочите разликата, има шанси да спречите вашата кожа на лицето да стане груба и избрчкана.
Сувата кожа ја карактеризира недостиг од масло или липиди, додека дехидрираната укажува на состојба кога има недостиг од вода во нејзиниот горен слој. Значи не мора да имате сува кожа за да ви биде дехидрирана.
Мешаната и мрсна кожа можат исто така да дехидрираат. Па како тогаш да одредите дали имате сува или дехидрирана кожа? Сувата кожа се карактеризира со грубост, сув изглед, дамки, додека дехидрираната ќе ја препознаете по безличен изглед, чувство на затегнатост или грубост, чувствителност, опуштеност, длабоки брчки, забрзани знаци на стареење. Кожата станува дехидрирана поради нашиот немарен однос, но и поради надворешно влијание. Сончевите зраци се непријател број 1 и можат да го забрзаат стареењето, бидејќи ги зголемуваат оксидите во кожата и слободните радикали во клетките и на тој начин ја оштетуваат кожата. Лошо влијаат и тврдата вода и туширањето и капењето во жешка вода.