Научниците откриле дека топењето на мразот на Гренланд се зголемило за четири пати од 2003 година, се наведува во новата студија објавена во стручниот магазин Просидинг од д Нешенал Академи оф Сајансес(ПНАС).
Новото истражување покажало дека најмногу мраз се стопил од почетокот на 2003 година до средината на 2013 година на југозападот на Гренланд, област која претходно не се сметаше за клучен фактор во подигањето на нивото на морето бидејќи таму во главно нема големи глечери.
– Знаевме дека имаме голем проблем заради зголемената брзина на топење на мразот – речеМајкл Бевис, главен автор на студијата и професор по геодинамика на државниот Универзитет во Охајо.
Тој додава дека големи количества на ледената маса сѐ повеќе се топат, а реките оваа вода ја носат во морето.
Се очекува топењето на површинската маса, за која авторите на студијата велат дека е последица на глобалното затоплување, во иднина многу ќе придонесе за порастот на нивото на морињата.
– Единствено што можеме да направиме е да се прилагодиме и да го ублажиме понатамошното глобално затоплување, предоцна е да нема никакви последици – рече Бевис.