Мекензи Скот и Џеф Безос, по 26 години брак, се разведоа минатата година при што таа наследи 4% од акциите на „Амазон“, чија вредност тогаш изнесувала 38 милијарди американски долари. Од почетокот на годината, нивната вредност пораснала од 2.000 на 3.500 долари што придонело до зголемувањето на богатството на Скот, пренесува „Нејшанл Поуст“
Мекензи Скот стана најбогатата жена на светот откако нејзиното богатство порасна на 68 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Педесетгодишната Скот е писателка и филантроп. Таа стана најбогата жена на светот откако ја надминала Франсоаз Бетенкур-Мајерс, наследничката на козметичкиот гигант „Л‘Ореал“, чие богатство е проценето на 66,8 милијарди долари.
Сега Мекензи Скот е 12-та најбогата личност на светот, додека нејзиниот поранешен сопруг сè уште е на врвот со нето-вредност од 207 милијарди американски долари.
Пред два месеца Мекензи објави дека донирала 1,7 милијарди долари на 119 непрофитни организации и дека го сменила своето презиме од Безос во Скот.