Само неколку месеци откако ја информираа јавноста дека не го користат Фејсбук, принцот Хари и Меган Маркл решија целосно да се откажат од користење на социјални мрежи, сето тоа поради прекумерниот говор на омраза, пренесуваат светските медиуми.
Уште во октомври минатата година Маркл кажа дека веќе долго време не ги посетува социјалните мрежи. Таа објасни и дека се дистанцирала од користење на социјални мрежи и дека на тој начин сака да се заштити од сè што се пласира на нив.
– Загрижена сум за луѓето кои се опседнати со социјалните мрежи. Тоа е огромен дел од секојдневниот живот на луѓето, многумина се зависни – изјави Маркл, која во неколку наврати отворено зборуваше за сопствените негативни искуства поврзани со социјалните мрежи.
Од извор близок до парот се дознава дека тие „не планираат“ да ги користат социјалните медиуми и за нивната нова фондација „Арчивел“.