„Мајкрософт“ тестира користење на подводен центар за податоци во рамките на проектот „Natick“. Експерименталниот објект, внесен во контејнер, се наоѓа на морското дно во крајбрежјето на Шкотска, соопшти „Форчн“.
Бидејќи центрите за обработка на податоци лачат поголемо количество топлина, компаниите се стремат да ги постават во држави со ладна клима, намалувајќи ги на тој начин трошоците за ладење на опремата. Ова, заедно со водата за ладење, ја предодредува одлуката на „Мајкрософт“.
Подводниот дата центар на компанијата се состои од 864 сервери. Во текот на една година експертите на компанијата ќе набљудуваат колку ефикасно е ладењето на серверите и ако резултатите се добри, „Мајкрософт“ ќе изгради уште неколку слични центри за податоци.
Над половина од населението на Земјата живее на крајбрежната линија, долга 200 км. Ако центрите за податоци се распоредат близи приморските градови, тогаш податоците од нив ќе се пренесуваат на големо растојание, како резултат на што ќе се зголеми брзината при прелистување на веб-страници, гледање видео и онлајн игри, покажуваат пресметките на „Мајкрософт“.
Подводните центри за податоци ќе ја забрзаат обработката на податоците со вештачка интелигенција. Според шефовите на проектот, таквите центри за податоци можат да работат најмалку пет години без сервис.