Кралицата на поп музиката Мадона го обвини холивудскиот продуцент Харви Вајнстин дека барал сексуални односи.
Минатата година, Холивуд „го тресеа“ гласините за Вајнстин, но тој истите ги негира.
Мадона вели дека Вајнстин честопати ги преминувал границите додека тие го снимале нејзиниот документарец во 1991 година, насловен „Вистина или предизвик“.
Во изјава за „Њујорк Тајмс“, пејачката вели дека Вајнстин смело флертувал со неа и дека покажувал интереси за сексуални односи.
– Тој беше женет, а јас воопшто не бев заинтересирана – вели Мадона.
Документарецот на поп-ѕвездата е снимен во продукцијата на Вајнстин, која минатата година прогласи банкрот.
– Сфатив дека тој истото го правел и со други жени од оваа индустрија кои лично ги познавам. Си мислевме дека Харви може да се однесува така, оти тој е многу моќен и успешен, неговите филмови се блокбастери, си велевме оти треба да премолчиме – додава таа.
Харви Вајнстин е обвинет за сексуално злоставување, силување, како и други прекршоци.
– Кога се случи ова, си реков „Конечно“. Сепак не се радував, никогаш нема да се радувам на туѓата несреќа. Тоа е лоша карма – изјави Мадона.