Здрава храна
Леќата е одличен извор на вегетаријански протеин и може да биде додадена во супи и разни зготвени јадења. Има голем број здравствени придобивки. Таа содржи фолна киселина, манган, бакар и витамин Б1. Слично како и кај леблебијата, леќата помага во намалување на шеќерот во крвта.
Во една студија направена на 24 мажи што јаделе тестенини со доматен сос што содржел леќа имало значително помалку шеќер во крвта во споредба со оние што јаделе сличен оброк само без леќа.
Друга студија, пак, направена на три илјади лица, покажала дека оние што внесувале почесто леќа имале најмали шанси да развијат дијабетес. Некои студии покажуваат дека леќата ја подобрува работата на цревата, одлична е доколку се соочувате со запек.
Таа помага и за намалување на лошиот холестерол.