Во склоп на „Преспаленд“, утре ќе се одржи Илинденска прошетка од село Стење до село Коњско. Прошетката е во чест на 12-те комитски чети кои со над 2.000 востаници делувале на овој терен. По изодениот пат на хероите, почнувајќи од Стење до Коњско и назад, ќе планинарат млади и возрасни, предводени од нашата позната аплинистка, ликовна уметница и активистка – Илина Арсова.
– Целиот тој простор изобилува со богата флора и фауна, а периодов најмногу со корморани и пеликани. Тука расте и редок вид на зимзелени дрва- фоја. Селото Коњско е карактеристично по својата местоположба и е близу до островот Голем град и од некогаш изолирано село со девет куќи, денес овде има над педесет – сподели интересни факти за прошетката Арсова.