Осум трика да изгледате послабо во лицето
Можеби немате вишок килограми, но лицето ви изгледа надуено. На лицето може да се задржува вода, но и масно ткиво, а најлесно ќе ги отстраните овие проблеми со следните осум трика.
1. Правете вежби за лице со кои ќе ги затегнете мускулите на образите и брадата.
2. Кардиотренингот ја забрзува работата на срцето и доведува до губење килограми, дури и на лицето.
3. Пијте повеќе течности.
4. Избегнувајте алкохол, кој го зголемува ризикот од дебелина и надуеност.
5. Избегнувајте јаглехидрати, кои се познати виновници за масните наслаги. Избегнувајте крекери, тестенини и слатки.
6. Спијте повеќе затоа што квалитетниот и долг сон има врска со изгледот. Малку сон го забавува вашиот метаболизам.
7. Намалете го внесот на сол во исхраната, кој значи и консумирање повеќе вода, која потоа се задржува во организмот.
8. Јадете повеќе влакна, кои се одлични за системот за варење и прават да се чувствуваме сито.