Гаргојлите во Католичката црква се претставени како зли демони кои се наоѓаат надвор од црквата, како спротивност на светоста и безбедноста која е внатре.
По дефиниција, гаргојл е фигура, вообичаено дизајнирана со одлив што ја носи водата накај дното на градбата, слично како олуците на модерните куќи.
Зборот „гаргојл“ има француско потекло (се преведува како врат), а честопати гаргојлите се дизајнирани на тој начин што дождовницата од катедралата излегува од нивната уста. Постои легенда од пристанишниот град Руан во северозападна Франција, во која суштество наречено гаргојл, кое наликувало на змеј со долг врат, крилја на лилјак и блуело оган.
Постојат неколку верзии на приказната, но во сите свештеникот Свети Романус го победува чудовиштето со неговиот крст. Телото на чудовиштето е спалено, но сочувана е главата која била закачена на ѕид од црква, со цел да ја штити од зли духови.
Најпознати гаргојли се оние на Богородичната црква во Париз. Гаргојлите на Богородичната црква изгледаат гротескно, додека другите се поелегантни, па дури и изгледаат како да им е здодевно.
Додека оригиналните гаргојли биле подлежени на ерозијата од дождовница, голем број фигури биле отстранети или уништени за време на 17-от и 18-от век, особено во текот на Француската револуција. Тие подоцна биле заменети со гаргојли во готски стил од архитектот Ежен Емануел Виолет-ле-Дук за време на 25-годишното реставрирање во средината на 1800-те години. Како што бил обичајот во Средниот век, тој еден од гаргојлите го изработил според неговиот лик.
Гаргојлите и статуите на Богородичната црква биле инспирација за многубројни писатели и уметници, вклучувајќи го и Виктор Иго, кој им даде улога на гаргојлите во неговиот роман „Ѕвонарот на Богородичната црква“, кој наводно е напишан со цел да се сврти вниманието кон катедралата и да се започне нејзиното обновување.