Израелската актерка Гал Гадот и режисерката Пати Џенкинс, тандемот од „Вондер воман“ го објавија својот следен проект, новиот филм за „Клеопатра“ во соработка со студиото „Парамаунт“, за кој сценариото ќе биде на Лејти Калогридис, пренесува „Венити фер“
Студиото „Парамаунт“ објави дека победило во наддавањето за правата за снимање римејк на историската класика „Клеопатра“ во кој насловната улога ја доби актерка Гал Гадот. Освен „Парамаунт“, за овој филм биле заинтересирани и „Ворнер брос“, „Епл“, „Нетфликс“ и „Јуниверзал“.
Со години се шпекулираше за правење на римејк на фимот „Клеопатра“ и дека Анџелина Џоли и Лејди Гага се заинтересирани да ја толкуваат улогата на Клеопатра.
Најпознатата филмска Клеопатра досега е Елизабет Тејлор. Филмот сниман во режија на Џозеф Малкиевич во 1964 година освои четири „оскари“ и беше голем хит во кината.
Верзијата на „Клеопатра“ од 1934 година во режија на Сесил Б. Демил со Клодет Колберт исто така не е за потценување.