Познатиот бриселски споменик „Атомиум“ оваа година одбележува 60 години постоење, а по тој повод ќе се одржат повеќе манифестации.
Делото е изградено за Светската изложба од 1958 година во Брисел, а надворешниот изглед го дизајнирал Андре Ватеркејн, додека ентериерот е дело на Андре и Жан Полак.
„Атомиум“ е висок 102 метри и е изграден од не’рѓосувачки челик, а композицијата од девет сфери, односно атоми поврзани меѓусебе, формира молекул на железо зголемен 165 милијарди пати.
Во текот на мај по повод изградбата на споменикот ќе се одржи изложба со наслов „Галаксија 58“, музички фестивал, пазар на антиквитети и дефиле на автомобили од доцните педесети.
Исто така, ќе биде издаден и стрип посветен на „Атомиумот“.