Би-би-си ги објави плановите за телевизиска документарна серија која ќе ја следи младата климатска активистка Грета Тунберг.
Одделот за наука на Би-би-си соопшти дека ќе ја следи нејзината меѓународна борба, која ја води во првите редови на климатските промени во некои од најневеројатните делови на светот.
– Додека патува, Грета не само што се среќава со водечки научници туку и со политички лидери и деловни луѓе, истражувајќи научни докази со нив и поттикнувајќи на промени – пренесува Би-би-си.
Документарната серија ќе го следи и растот на 17-годишната Тунберг додека се соочува со последиците од неактивноста во реалниот свет, објави британскиот телевизиска куќа.
– Климатските промени се можеби најважниот проблем во нашите животи, па затоа е соодветно да се создаде серија во која се истражуваат фактите и науката што стои зад ова сложено прашање – вели извршниот продуцент во студиото на Би-би-си, Роб Лидл.