Новиот биографски филм „Стен и Оли“ ни ја донесува приказната за легендите на холивудската комедија Стен Лорел и Оливер Харди, за нивните согласувања, лошото здравје, но и за лошо посетената проштална турнеја, а првиот трејлер открива некои делови од филмот.
Ликовите ќе ги оживеат Стив Коган и Џон С. Рајли, а судејќи според првите реакции, тие одлично си ја завршиле својата работа.
Сопругата на Харди, Лусила, ја глуми Ширли Хендерсон, додека Ида, сопатничката на Стен ја игра Нина Арианда.
Режијата ја потпишува Џон С. Берд, а сценариото го напиша наградуваниот британски продуцент и сценарист Џеф Поп.
Премиерно филмот ќе биде прикажан на 62-от „Лондонски филмски фестивал“ на 21 октомври, а во кината ќе може да се гледа од јануари следната година.