Бен Афлек и Џорџ Клуни пак ќе снимаат филм заедно, откако во 2012 година соработуваа на снимањето на „Арго“, за кој добија „оскар“, објави „Дедлајн“.
Бен Афлек ќе ја игра главната улога во „The Tender Bar“ во режија на Џорџ Клуни. Филмот е базиран на истоимените мемоари на Џej Ар Моринџер, американски писател и новинар, добитник на Пулицерова награда.
Во меѓувреме, Клуни за „оскарите“ в година ќе биде во конкуренција за режија и за главна улога, со неговата научно-фантастична драма „Полноќното небо“ во продукција на „Нетфликс“.