Од 24 до 26 јануари во Кино Култура ќе се одржи третото издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“, во организација на издавачката куќа Бегемот.
„ArtArea“ цели кон воспоставување жива платформа за поврзување и дијалог меѓу авторите во различните културни домени и тенденции, спојувајќи ги во богата културна програма за време на три фестивалски дена.
– Истовремено, програмата сака да овозможи средба и спојување на сегментираната публика што ја генерираат прилично атомизираните области на културата. Во таа смисла, фестивалската заложба е да се обогати, но и да се преиспита значењето на современите културни практики. Со ова, проектот како свои клучни приоритети ги поставува културната интегративност и творечката интермедијалност, кои се покажуваат како нужни предуслови за развивање новаторска, богата и добро вмрежена култура – велат организаторите.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје.