Шеснаесеттиот меѓународен тамбурашки фестивал „Куманово 2020“ ќе се одржи на 28 и 29 август со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад во Куманово.
Организаторите известуваат дека фестивалот ќе се одржи според сите протоколи за превенција од ковид-19, со почитување на социјална дистанца и задолжително носење на заштитни маски.
Поради актулената пандемија овојпат нема да има гости од странство. Првата фестивалска вечер, в петок, 28 август, ќе настапат: групите „Боеми“ од Битола и Синтезис“ од Скопје. Втората вечер, на 29 август, е резервирана за групите „На здравје“ од Куманово и „Љубојна“ од Скопје.
Фестивалот е во комплетна организација на Фондација за култура и спорт „Куманово“, под покровителство на Општина Куманово и со поддршка од Министерството за култура.