По романот „Разголена душа“, Марта Димитров вечерва ќе ја промовира својата втора
книга и тоа поезија под наслов „Мојот храм е внатре во мене“. Оваа стихозбирка е наградена од издавачката куќа „Нов Вавилон“ од Битола со признание за афирмација на македонскиот јазик и литература.
– Иако првата љубов ми е прозата, со поезијата успеав за кратко време да допрам до
многу луѓе. Инспирацијата ја црпам од секојдневниот живот бидејќи сакам да пишувам за смислата на животот. Дел од песните се љубовни а јас секогаш се обидувам тие да содржат поука која би ја извлекол читателот. За мојата поезија добив убави реакции на социјалните мрежи и по добивањето на признанието за афирмација на македонскиот јазик и литература решив песните да се отпечатат – вели Марта Димитров.
Марта Димитров дипломирала преведување англиски и германски јазик на
Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ во Скопје, моментално е студент на вториот циклус магистерски студии по меѓународен бизнис со странски јазици. Пишувањето и е страст од рана возраст. По дипломирањето интензивно пишува поезија на англиски јазик која ја објавува на својот блог.
Игор Велевски, лингвист и веб дизајнер за поезијата на Марта ќе напише:
– Читањето на поезијата на марта Димитров е како да листаме низ страниците на
нашата потсвест. Скоја нова песна продира во нашите длабчини и не потсетува на животните навики. Нејзините стихови на моменти не растажуваат со прикажаната реалност, но дефинитивно освежуваат со приземјеностаи пристапностакако и не радуваат со оптимизмот кој е внесен во нив – пишува Велевски.
Промоцијата ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во просториите на танцовиот
клуб „Прима Данца“. Модератори ќе бидат Сотир Д. Георгиевски и Моника Стојанова која заедно со Ева Димитров Кузев ќе ја презентираат поезијата на Марта Димитров.
Мирјана Мукаетова