Уште еден интересен прирачник од областа на народната медицина и употребата на
лековитите билки базиран исклучиво на сопственото искуство беше промовиран синоќа во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Станува збор за трудот на
кавадарчанецот Иван Чемерски под наслов „За животот, љубовта и билките“. За неговиот прирачник на промоцијата говореа Марјан Тодоровски и Александар
Малинков.

– За мојата идеја да ги ставам на хартија моите позитивни искуства во лекувањето со
алтернативната медицина ме потикнаа моите ќерки Цанка и Надица. Всушност мојатаа цел е со ова мала книга или прирачник да помогнам на сите оние кои имаат здравствени проблеми, и оние кои изгубиле секаква надеж дека е можно да се најде лек во алтернативната медицина секако со применување на советите на лекарите затоа што медицинската наука е многу напредна и без неа не се може. Освен примената на медицината како превенција од многу болести со овој мој труд би сакал сите луѓе да ги приближам до природата со цел да се живее во хармонија со неа – изјави на промоцијата авторот Иван Чемерски.

Во вториот дел од книгата Чемерски го презентира неговото лично искуство во
борбата против карциномот на простатата, од денот кога тоа го сознава па сѐ до неговото конечно елиминирање. Тој покрај совети посочува конкретни рецепти со начинот на употреба на лековитите билки и крајните резултати што ги постигнал тој или членови на неговото семејство. Во третиот дел од прирачникот Иван Чемерски советува секој дом да поседува домашна билна атека сопствени резерви на билки и препарати кои би се искористиле во итни ситуации кога се нема време за нивно приготвување. Исто така добро е во сопствениот двор или во саксии да се има посадено од следниве билки:жалфија, рузмарин, здравец, чувар на куќа, глуварче, алое вера, босиек, коприва, маточина, тегавец, нане, магданос и целер. Од подготвените препарати добро е секогаш во домот да се има масло од кантарион и ајдучка трева, тинктура од  прополис, смеса за лекување на желудникот и цревата и комбуха кои треба да бидат исклучиво во стаклени садови – објаснува Чемерски најавувајќи ја неговата втора книга која треба да ги содржи искуствата со лекување со билки на лицата со кои тој
контактира изминативе години.


М.М.