Писателката Мирјанка Р. Селчанец денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, со почеток во 18 часот, ќе го промовира својот 11-ти роман – „Розата на Ататурк“.
Мирјанка секојдневно активно твори во повеќе литературни жанрови, членка е на Клубот на литературни творци од Прилеп. Нејзините драмски текстови ги изведувале врвни актерски имиња како Мите Грозданов, Сабина Ајрула Тозија, Снежана Стамеска, Шенка и Ѓорѓи Колозови.
Својот град Прилеп најмногу го задолжи со романите „Анка“, „Гена“ и „Маргарита“, кои ја сочинуваат трилогијата „Прилепчанки“. Трите романи се напишани на стар прилепски дијалект.
Авторка е на монодрамите „Камен на душата“, „Мактуб“, „Живи закопани“, романите „Насадена љубов“, „Живот со патрдии“…