Самостојната изложба „Утопија“ – слики, цртежи и инсталации, на визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска, како и „Објекти“, скулптури и цртежи на скулпторот Сашо Саздовски, ќе биде отворена денеска во галеријата за современа уметност „Арт Хаб“, во Дубаи, Обединетите Американски Емирати.
Изложбата ќе ја отвори Елма Алторок од Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, а ова е петта самостојна презентација на авторите пред арапската публика.
„Објекти“ на Сашо Саздовски е комбинација на мермер, дрво, метал и плексиглас, додека „Утопија“ на Пандора Апостолоска-Саздовска претставува платформа за социолошки истражувања и издигнување на јавната свест за главните глобални политички и еколошки проблеми во светот.