На штотуку завршениот филмски фестивал во Минхен,„Фајв лејкс филм фестивал“, главната награда која ја доделува фестивалот наградата за режија ја додели на македонската режисерка Теона Стругар-Митевска.
„Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа. Жирито е составено од филмски професионалци, филмски новинари, како и публика и институции, кои едногласно одлучија наградата за режија да ѝ припадне на нашата режисерка. Наградата е парична и во износ од 5 000 евра, а се доделуваат од страна на локалната самоуправа.
Германската дистрибуција на Петрунија почнува во ноември.