Валпургиска ноќ

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетските премиери „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“. Премиерно се изведоа во саботата во преполниот салон на Националната опера и балет.

Двете постановки се специјално подготвени за јубилејот „70 години балет“ и се во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката имаше можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин, како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Маестра Бисера Чадловска.

Кармен

Репризата е закажана за утре (8 октомври) во 20 часот.

Диригент: Иван Еминовиќ

Настапуваат балетски првенци, гости, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Билетарница: 02 3118-451

онлајн