Поранешните добитници на Букерова награда, Салман Ружди и Маргарет Атвуд повторно се номинирани за престижната награда во жанрот фикција.
Ружди освои Букерова награда во 1981 година за книгата „Midnight’s Children“ („Деца на полноќта“), а годинава е номиниран за романот „Quichotte“ („Кихот“).
Атвуд во 2000 година победи со книгата „Blind Assassin“ („Слеп убиец“), а годинешната номинација ја заработи со книгата „Testaments“ („Тестаменти“), продолжение на „Handmaid’s Tale“ („Приказната на робинката“).
Во потесниот круг влегоа и Британката Бернадин Еваристо, Нигериецот Чигози Обиома, британската писателка со турско потекло Елиф Шафак и британско-американската авторка Луси Елман.
Наградата е основана во 1969 година и изнесува 50.000 фунти. Се доделува на писатели од целиот свет што творат на англиски јазик.
Петте најпрестижни литературни награди во светот, покрај Букеровата се и Нобеловата награда за литература, Пулицеровата награда за проза, Гонкуровата и Хјуго и Оринџ наградите.