„Со звуците на обоата“ е насловен концертот што ќе се одржи вечерва од 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“. На обоа ќе настапи Гордана Јoсифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасоака Ивановска. На програмата се дела од популарни композитори.

Проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска дипломира и магистрира на ФМУ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Киро Давидовски, а се усовршува на академијата „Моцарт“ во Варшава, Полска и „БАНФФ“ центарот за музика и звук во Канада. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

Елена Атанасовска Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Дипломира со највисока оцена CUM LAUDE на ФМУ во Скопје во класата на еминентниот професор Борис Романов. Во 2005 година завршува постдипломски студии во класата на истиот професор. Во текот на музичкото образование се здобива со награди на државни и меѓународни натпревари.

Ка.М.