Вечерва од 20 часот во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп концерт ќе одржи Македонскиот брас квартет, кој ќе се претстави со композиции од Кларк, Хандел, Верди, Равел, Корсаков, Џоплин, Пјацола…
Македонскиот брас квартет е основан во 2013 година кога што се бележат и првите настапи. Следуваат концерти во повеќе градови на Македонија, во склоп на фестивали и самостојни концерти.
Македонскиот брас квартет е составен од четворица,пријатели, колеги, вработени во Национална Опера и Балет, Стојанче Косовски труба, Александар Златески труба, Горан Јанев хорна и Владан Дробицки тромбон.
Стојанче Косовски е прв трубач во НОБ и од 2005 година хонорарно соработувал со Битолската камерна опера, Македонската филхармонија, Градските оркестри на Битола и Скопје, проектански оркестри од Австрија и Белгија. Александар Златески е прва труба. Хонорарно соработува со градскиот оркестар, Македонска филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.
Горан Јанев е прв хорнист во НОБ, хонорарно соработува со Македонска Филхармонија, проектански оркестри од Бугарија и оркестарот за филмска музика Fames Скопје. Владан Дробицки е прв тромбонист на Македонската Опера и Балет , хонорарно соработува со градскиот оркестар на Скопје, Македонската филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ. Ка.М.