Вечерва од 20 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концертот
„Диши љубов“. На концертот ќе настапат Марија Јанчулеска на виолина и пијанистот
Илија Иваноски, кои ќе отсвират две сонати за виолина и пијано од Леклаир и од Бетовен. Воедно на концертот гостин е братот на Марија Илија Јанчулески, кларинет, со кого првпат заедно ќе настапат.
Марија Јанчулеска(виолина) потекнува од музичко семејство, под чија закрила ги прави првите чекори и успеси во свирењето на виолина на возраст од осум години. Основно музичко образование завршува во ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп, во класата на проф. Весна Станкоска, средно музичко во Битола, две години во класата на проф. Ванчо Стоилов и две кај проф. Валентин Наумов. Моментно е четврта година на ФМУ во Скопје во класата на проф. Љубиша Кировски. Добитник е на бројни први и втори награди во соло категорија во 2007, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017. Освоила награди и на меѓународни натпревари. во категорија дуо освојува први награди на интернационалниот натпревар по Камерна музика во Кавадарци и награда за најдобро изведено германско дело. Зема учество на бројни концерти, манифестации, фестивали. Во декември 2017 и јануари 2018 година реализира девет концерти во различни градови во Италија како член на интернационалниот оркестар од Софија. Во ноември 2018 година има концерт во Берлин, Германија, а со истиот секстет во јули 2019 год. свиреше во Холандија. Има работено камерна музика со Уки Оваксаинен од Србија и Павел Дилежал од Чешка. Од 2019 година е дел од оркестарот за филмска музика „Фамес“. Во 2020 година настапува во Сараево, БиХ заедно со Јаначек камаерен оркестар.
Илија Јованоски, (пијано) основно музичко образование завршува во класата на проф. Наде Стојкоска. Средно музичко образование отсек пијано завршува во Битола во класата на проф. Маргарита Татарчевска и Јана Четелва – Белевска. Дипломира на ФМУ
Скопје во 2013 година во класата на проф. Тодор Светиев. Учествувал на бројни натпревари по пијано и камарна музика, како и на бројни семинари. Од 2017 година е професор по пијано во ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп. Ка.М.