Од денеска во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде поставена изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ што по 27-ми пат годинава ја организираше Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
На увид пред јавноста ќе бидат 25 дела создадени од 15 уметници – учесници на колонијата од Македонија, Русија, Бугарија, Србија.
„Лесново“ е меѓународна ликовна колонија на која низ годините учествувале бројни уметници од земјата, од Русија, Бугарија, Англија и Србија, кои инспирирани од убавата природа создале вредни уметнички творби. Ги овековечиле убавините на Лесновскиот манастир, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, карпестото опкружување.
Преку колонијата „Лесново“ се промовира и анимира овој културен регион во Македонија.
Ка.М.