Штотуку објавената и планетарно популарната книга на познатиот италијански писател
Паоло Џордано „Во време на епидемија“, по италијанското издание, објавено пред три недели, пред неколку дена излезе во 16 земји, а за неколку дена ќе излезе и во Македонија, во издание на „Македоника литера“.
Дури 31 издавач во 29 земји речиси истовремено ја објавуваат оваа книга. Резултатите се неверојатни: повеќе од 200.000 продадени е-примероци за помалку од дваесет и четири часа по објавувањето во Јапонија и повеќе од 150.000 во Франција за исто време. Веднаш стигна на врвот на топ-листите на најбараните книги. Многу престижни светски дневни весници и списанија веднаш ѝ посветија големо внимание на книгата, отстапувајќи цели страници или и насловни страници. Огромен новински простор отстапија: Њујорк тајмс, Фајненшл тајмс, Сандеј тајмс, Л Монд, Ел Паис, Тајмс, Ара, ДН.Култур…
Профитот од објавувањето на оваа книга ќе се донира во добротворни цели за научни истражувања и за мерките за управување со оваа здравствена состојба.
Паоло Џордано (38) е еден од најзначајните и најпродаваните италијански писатели. Доктор е по физика и е автор е на четири романи. Добитник е највисоката книжевна награда во Италија „Стрега“. Неговите романи де објавени во педесетина земји.