Францускиот филм „Клер Дарлинг“ во режија на Џули Бертучели на редовниот репертоар на домашните кина.
Првиот ден од летото Клер Дарлинг се буди убедена дека тоа и е последниот ден од животот. Таа одлучува да продаде сѐ од куќата, од Тифани ламба, уметнички слики до најразлични работи кои ги поседува. Сите тие предмети се купени со љубов и зрачат со енергија на еден трагичен и блескав живот. Ова лудо однесување на Клер ја враќа нејзината ќерка Мери, која после 20 години доаѓа да ја види.
Катрин Денев и Кјара Мастројани ги играат главните улоги во режија на Џули Бертучели. Бертучели го има своето режисерско деби во 1993 година, позната по своите документарни филмови за кои е често наградувана. Нејзиниот прв игран филм „Откако замина Отар“ ја доби врвната награда на критичарите на филмскиот фестивал во Кан во 2003 година.
Филмот „Клер Дарлинг“ во наредните две недели игра во редовниот репертоар во Синеплекс Скопје, 3Д Кино Битола и Киноверзум во Свети Николе.