Архитектонска изложба насловена „Скопските вертикали“ ќе се одржи вечерва во Музеј на град Скопје.
Покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои во позадина на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ е да се придонесе за повторната видливост на еден од забора¬вените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина.
Во основа на истражувањето (проследено со публи¬кација и изложба) е исто така желбата за подетално проучу¬вање на скопските високо¬катници, кули…, производ на еден од доми¬нант¬ните модели на урбаниза¬ција и развој на европските градови во втората половина на 20-от век.
Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при¬паѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцни¬те 80-ти години од минатиот век, кој исто¬вр¬емено е и најдинамичен период од исто¬ри¬јата на развојот на Скопје.