Вчера во театарската сала од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево со драмската претстава „Жена ми се вика Борис“, се претстави Драмското студио при Домот на културата „Илинден“ од Демир Хисар. Гостите после подолг период имаа можност да се претстават пред кичевската театарска публика. Солидната посета ги мотивира актерите во целост да се посветат на оваа претстава, што беше наградено со аплаузи од страна на присутната публика.
-Драмската претстава „Жена ми се вика Борис“ е модерна комедија дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи чии текстови доживуваат невероватен успех на театарските сцени ширум светот. Текстописецот Шарт е познат по своите прецизни заплети и е еден од легитимните наследници на светски познатиот драматург Жорж Фејдо. Неговата провокативна поетика лесно комуницира со публиката а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување во еден наш локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија се проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите и либидото – истакна рече за оваа претстава директорот Мазлам Османи.
Режисер на претставата беше Благој Николов а преводот на дамскиот текст беше на Коле Ангеловски. З.А.