Фото извор: Инстаграм/Игор Џамбазов Дизајн: Зоран Кардула

Со една минута музика, место со едноминутно молчење почна денешната комеморација во фоајето на МОБ во чест на познатиот македонски композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов, кој почина во втрникот.

Освен неговите деца Игор и Тања со кои се гордееше, тука беа голем број негови почитувачи, колеги, ученици, пријатели, некогашни славејчиња… Да се простат од големиот автор дојдоа и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, како и градоначаничката на Скопје Данела Арсовска.

За животот и делото на Џамбазов говореше етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ, а за пријателството и средбите со маестрото неколку збора кажаа и компизиторите Стојан Стојков и Јане Коџабашија.

Претседателканата на ЗАМП, Антоенета Токовска-Котевска, која некогаш била дел од „Златно славјче“ рече дека Џамбазов уште до најрано детсво го одредил нејзниот музички пат.

Игор Џамбазов им се заблагдоари на сите прустни што дојдоа да му одддадат почит на неговиот татко, кој, како што рече бил најголемиот генијалец во семејството и ги повтори зборовите што ги кажа и на неговиот јубилеен концерт, пред шест години, дека тој не бил само маж на Анче, зет на Петре Прличко и татко на Игор и Тања, туку голем маестро.

Александар Џамбазов е погребан денеска во 12 часот на Градските гробишта Бутел, во кругот на потесното семејство.

М.Т.