Фото: Ка.М
Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен 2023“, што се одржа годинава во јули, по 15 пат, отворена е во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. поддршка на Министерството за култура. Преку 30 дела од меѓународната ликовна колонија „ДРЕН 2023“ се на увид пред љубителите на уметноста.
-Од многубројното и разнообразно творештвото коешто го создадоа уметниците – сликари и скулптори, можат да се препознаат и дефинираат повеќе разни ликовни стилови: експресионизам, минимализам, асоцијативна и геометриска апстракција, како и фантастичен реализам – рече денес на отворањето на изложбата м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.
Фото: Ка.М
Фото: Ка.М
Фото: Ка.М
На изложбата се претставени вредни дела од уметниците Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Массети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски – Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески,  Маја  Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски,  Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски,  кои  користејќи различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали, содадоа творби кои остануваат трајно наследство за Центарот и државата, бидејќи колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура.
Фондот на дела создадени на колонијата Дрен 2023 во изминатите години веќе достигна до над 400 творби од врвни уметници од земјата и од странство.
Со изложбата, ЦК „Марко Цепенков“ ги заокружи програмските активности за 2023 година, која беше доста плодна и успешна, бидејќи се реализира многу изложби, концерти, претстави, неколку премиери.
Ка.М.