Изложбата „Пејзажи“ од академскиот сликар Дејан Иванов Маргуш ќе биде отворена вечерва во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп (од 19.30 часот).

Уметникот по трет пат пред прилепчани ќе се претстави со 20 слики акрил на платно работени годинава. Инспирација на уметникот му е нашето македонско поднебје, односно македонските предели.

Дејан Иванов Маргуш дипломирал на ФЛУ во класата на проф. Јован Шумковски и Рубенс Корубин. Освен што слика работи и витражи и мозаици. Член на ДЛУМ од 2005
год. Има реализирано повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, се претставувал на групни изложби, учествувал на колонии и за своето творештво има
освоено повеќе награди и признанија. Ка.М.