Во рамките на саемската програма, издавачката куќа „Арс ламина“ го промовираше македонскиот превод на романот „Прирачник за солиден живот“, во присуство на авторката Оливера Зуловиќ. За овој роман Зуловиќ ја освои книжевната награда на реномираното списание „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца и млади во 2022 година. Првпат од востановувањето на наградата пред 44 години, комисијата за наградата едногласно одлучила да ѝ ја додели наградата на Оливера Зуловиќ уште на својот прв состанок, јавуваат српските медиуми за овој куриозитет. Инаку, македонскиот превод на романот е прв превод на странски јазик, по што следува преводот на словенечки јазик, кој ќе биде промовиран во рамките на есенскиот саем на книгата во Словенија, во ноември годинава.
Книжевниот првенец на Оливера Зуловиќ е приказна за нежното пријателство помеѓу Љубица и Љубо и за нивната авантура со заеднички сили да ги преживеат, но и да ги поправат неубавите нешта во животот. Оваа топла книга пишувана низ призма на дете е наменета и за возрасните и за оние што сè уште не станале тоа.
„Прирачник за солиден живот“ е роман во цртички, при што фабулата е фрагментирана.