Магијата на безвремениот Чехов преку неговите најпознати комедии едночинките
„Предлог за брак“ и „Мечка“ можеше синоќа да ја почуствуваат љубителите на театарот во Кавадарци кои ја имаа привилегијата да ја гледаат премиерата во домот на културата „Иван Мазов Климе“. Публиката беше сведок на свежа и комична интерпретација исполнета со многу енергија на двете класични едночинки на Чехов, споени во една целина кои пулсираа со живот, иронија и човечка вистина.
Под режисерската палка на Микица Илова претставата успеа да го задржи духот на
руската класика надополнет со прекрсаните костими на Сара Милевска, но и да го приближи до современиот гледач, со темпо ритам и актерска игра што ја разбуди салата. „Предлог за брак“ беше вистински комичен балет на нерви, гордост и недоразбирање а Ивана Секуловска со прецизна комична интуиција, градејќи лик што се движи меѓу ранливост и жестина блесна на сцената. Со својата физичка комика и нервозна енергија Сашко Орешков беше одличен во создавањето на лик што истовремено предизвикува смеа и сочуство. Нивната актерска игра на сцената беше како шаховска партија – секој потег полн со емоција, секој збор потенцијална експлозија – изјави веднаш по премиерата професорот Влатко Тасев.
Во втората едночинка „Мечка“, Елена Илова Како вдовица донесе суптилна трансформација, од студена дистанца до огнена страст.Нивните дијалози со Петар Јованов беа полни со тензија, хумор и неочекувана хемија од која на крајот се роди љубов.Дијалозите меѓу нив беа како дуел со сабји од зборови, остри, брзи но со длабока човечка вистина. Мартина Илиевска со подржувачка улога внесе свежина и ја дополни сценската енергија со прецизна временска контрола. Смирувачко разумен и мудар карактер на претставата внесе искусниот актер Александар Малинков со улогата на таткото во едночинката „Свадба“ и во улогата на авторот Антон Павлович Чехов во просторот меѓу двете едночинки – додаде Тасев.
Многу сум горда што театарот при „Домот на културата„ Иван Мазов Климе“ на репертоарот ја вброи и оваа претстава на смеа и страст посветена на хуморот, љубовта и човечката слабост а е подржана од Министерството за култура. Во светот на Чехов, смеата и солзите се соседи а љубовта секогаш ненадејна и мислам дека според реакцијата на публиката вредеше вложениот труд и дека успеавме да допреме до обичниот човек – вели режисерката Микица Илова. М.М.
































