Фото: Стефан Рајхл

Песната ја напишав минатата година и некако одеднаш се излеа од мене, и текстот и музиката и веднаш ги запипшав. Драго ми е што се најде на албумот „Првите 30“ со кој со Игор Џамбазов ја зоакруживме нашата досегашна соработка. За автентичната видо приказна на „Пеј“ се погрижи Стефан Рајхл, које режисер на спотот и директор на фотографијата, вели Игор Атанасоски-Харе

Песната „Пеј“, што се наоѓа на новиот албум на Игор Атанасоски-Харе и Игор Џамбазов, насловен „Првите 30“, деновиве доби своја автентична видео приказна. Станува збор за емотивна балада, со текст што алудира на сегашната ситуација во која се наоѓа нашата земја.

Игор Атанасоски-Харе е автор на музика, текстот и на аранжманот, а се разбита ги отсвире и гитарите, додека Игор Џамбазов на свој специфичен начин ги отпеа емотивните стихови.

– Песната ја напишав минатата година и некако одеднаш се излеа од мене, и текстот и музиката и веднаш ги запипшав. Драго ми е што се најде на албумот „Првите 30“ со кој со Игор Џамбазов ја зоакруживме нашата досегашна соработка. За автентичната видо приказна на „Пеј“ се погрижи Стефан Рајхл, које режисер на спотот и директор на фотографијата – ни рече Игор Атанасоски-Харе.

Фото: принтскрин
Фото: принтскрин

Во видоеото тој е Наполеон кој свири македонски блуз, а Игор е тажен кловн кој „пее под ова сонце студено, како дете од длабок сон разбудено.Пее како туѓ на своето, без име од неум изгубено“, и можеби сака да не потсети дека во овој луд рингишил во кој живееме, многу лесно може да се случи да го загубиме тлото под нозете.

И самиот Харе, во една прилика изјави дека „македонската нација е мному тажна во моментов и самопочитта и ја нема, зашто се заслужни лоште политики во изминатите триесетина години. Но и сите ние“.

– Не треба секогаш прстот да го вперуваме во други, бидејќи се што ни се случува, и добро и лошо е производ и на нешто однесување. Секој треба да се избори за својата среќа, ние како да очекуваме да ни се случи некое чудо и одеднаш да се разбудиме поинакви. Културата што ја создаваме секојдневно е мному поважна од политиката. Јас се занимавам со другата страна на човековото битие и битисување и сметам дека токму во овие мигови е важно во ова грне на нашиот идентитет секој да остави по малку – ќе рече Игор Атанасоски -Харе.

Во тимот што е дел до реализацијата на песната и на видото се и: Дамир Имери, кој свири на синтисајзер, за перкусиите и продукцијата заслужен е Мите Димовски во чие студио „Тралала“ е снимена „Пеј“, а придурнжниот вокал е на Тања Тас. Извршини прдуценти се Игор Џамбазов, Игор Атанасоски – Харе и Васко Павлевски.

Иако е објавена само пред два дена на мрежата „Јутјуб“ има голем интерес за песната и за спотот, а меѓу коментарите може да се прочита дека „Пеј“ е полна со македонштина, оти е трогателна посвета на Македонија, со светски релизиран спот.

Во едно наше поранешно интервју Харе рече дека понекогаш чусвтвува дека „неговите песни се поголеми од него“, несомнено „Пеј“ ќе биде една од нив.

Инаку, подготовките за концертот на Џамбазов и Харе и неговиот бенд, што ќе се одржи на 21 октомври во Македонска филхармонија се во тек. Како што велат, ќе има мномгу гости, музичари што во изминативе 30 години биле дел од нивната заедничка приказна.

М.Т.